Драги фанови на ноќното небо и астрономијата
Ги објавуваме датумите за месец Септември 2020, кои ќе бидат достапни за набљудување на ноќното небо и фотографирање со млечниот пат. Сите заинтересирани може да резервираат со време поради ограничен број од вечер.
Секако доколку дозволуваат временските услови од 10 до 23 Септември 2020 секоја вечер во времетрање од 4-6 сати ќе се одржат турите со тргнување од Куратица во 19:30 часот (ресторан Дедо Димо). Потоа со наш обезбеден превоз после 40 минутно возење низ шумест предел се стигнува до местото за набљудување на висина од 1700мнв. Во цената е вклучено јадење и пијалоци.
Секој учесник добива фотографија со Млечниот пат, за кој ќе се погрижи Стојан Стојановски 2С
Местата се ограничени така да пријавувањето е најдобро да биде неколку дена претходно ради распоредување на местата (вкупно до 12 луѓе од вечер).
Можност за приватни групни тури од 6 до 12 лица (цената е иста по човек)
Можност за едночасовни предавања по фотографија на ноќното небо, како додаток при учествување на турата (со наша опрема, се доплаќа, за инфо повеќе контактирајте не)
Можност за врзување на денски тури заедно со ноќната (повеќе инфо, контакт)
Промо цена на пакетот е 55 евра по човек.
Пријавување на:
+389 78 428 161 Стојан
Или на фан страната од Охридското Астрономско друштво