Вчерашната мартовска супер месечина или Super Worm Moon беше проследена со пренос во живо од Охрид.
Поради лошите временски услови за набљудување и фотографирање на оваа полна месечина, се што можеше да се извади од вчерашната полна месечина беше фотографијата горе. Облаците го попречуваа погледот што за нас не претставуваше и некој голем проблем за да не оствариме добра дружба и да уживаме во кратките моменти кога месечината ги „пробиваше“ облаците.
Подолу може да го погледнете преносот во живо од нашето набљудување на овој настан:
Следната полна месечина е следниот месец, на 8ми април, што ќе биде трета од четирите Супер Месечини за оваа година. Повеќе околу оваа Супер Месечина ТУКА.