Изминатите две недели Охридското Астрономско Друштво во соработка со ресторан Дедо Димо, Куратица за прв пат во нашиот регион организираше астро тури во близина на Куратица со набљудување и фотографирање со кометата Neowise, најсветлата комета во последните 25 години видена од северната полутопка на планетата земја.
Несекојдневната глетка и еден нов пристап кон туризмот во Охридскиот регион, овој настан предизвика голем интерес каде туристи од Македонија а и надвор од Македонија беа воодушевени од глетката и ноќното небо а и фотографииите кои ги правеше Стојан Стојановски за секој посетител поединечно.
По 40 минути возење со џип или атв на залез и уживање низ нечепнатата природа со единствен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро од една точка, набљудување повеќе од 2 часа на ноќното небо, за на крај уникатно фотографирање со млечниот пат и кометата, секој посетител беше оставен без зборови.
Атракцијата со кометат е достапна до крајот на Јули, а во август се планирани и друг вид на тури.
За повеќе инфо може да следите на фан страната на Facebook од Охридското Астрономско Друштво или Стојан Стојановски
ОхридИнфо/Охридско Астрономско Друштво