Изминатата недела Охридското Астрономско Друштво и Стојан Стојановски во соработка со Ресторан Дедо Димо – Куратица организираа набљудување на метеорскиот Дожд Персеиди и фотографирање со нашата галаксија, Млечниот Пат. На турите секојдневно уживаа повеќе гости од Македонија, и од странство, но и домашни миленичина исто така.
Воодушевени од ноќното небо и глетката со млечниот пат, искуството го зачини и метеорскиот дожд кој беше со добар интензитет со 30 до 80 метеори на час, некои од нив и доста големи и добро видливи. Освен запознавање со општата Астрономија, фотографирање на галаксии, учење на соѕвездијата, вечера со традиционална храна под ѕвездите, секој посетител како за крај на ова доживување за паметење доби своја фотографија со Млечниот Пат.
Астро Турите траат до 23 август 2020 за резервации +389 78 428 161 / Стојан