Вечерва: Средба меѓу Месечината и Венера

Денеска на вечерното небо можеме да ја видиме блиската средба меѓу најсветлата планета Венера и младата Месечина.

Вечерва забележете ја месечината „тонејќи“ сè додека не зајде под хоризонтот. Бидејќи Земјата се врти околу својата оска од запад кон исток, Месечината се чини дека го преминува нашето небо во спротивна насока – исток кон запад – исто како што прави сонцето, и од истата причина. Ова се нарекува дневно движење на Месечината. Месечината патува околу 1/2 степен (свој аголен дијаметар) на запад на секои 2 минути или околу 15 степени западно на час.

Од друга страна – во однос на позадинските ѕвездите и планетите на зодијакот – Месечината патува кон исток. Ова источно движење на Месечината пред соѕвездијата на зодијакот се должи на сопственото орбитално движење на Месечината околу Земјата. Тоа движење е одговорно за секојдневното движење на Месечината, движењето прикажано на графиконот. Месечината патува низ зодијакот со брзина од околу 1/2 степен (сопствен аголен дијаметар на Месечината) кон исток на час, или 13 степени источно на ден. Овие небесни тела најдобро ќе може да ги забележите веднаш после залез.

Во прилог следуваат фотографии од вчерашната млада месечина и Венера – фотографирани од Охрид:

Фото: Riste Spiroski (Ohrid Astronomy Association)