Еве што да гледате овие денови на ноќното небо додека сте дома

Додека сите остануваат безбедни дома и прават што можат за да се справат со пандемијата на коронавирус, ние имаме список на астрономски активности за вас што можете да ги направите од сопствениот двор или балкон. Сè што ви треба е вашите очи, малку време и место да стоите на отворено, дури и покрај вашите живеалишта. Се надеваме дека ова ќе ви помогне да најдете активности што треба да ги направите додека чекате да заврши карантинот.

 

Ако се подготвувате да го гледате ноќното небо, еве неколку совети што може ќе ви помогнат. Прво, носете топла облека со вас, особено ако живеете во поладни клими бидејќо може да стане студено ноќе, дури и ако веќе сме во пролет во Северната хемисфера.

Потоа, дајте им на вашите очи 15 до 20 минути за да се прилагодат на ноќното небо за да можете да ги забележите дури и најситните светли точки на небото, дури и во области со градски светла, ова ќе направи разлика. Ако треба да користите „блиц“ или електрик за да си ја видите мапата на ѕвезди, да се спремите со вашата опрема или било што, обидете се да залепете нешто црвено над самото светло (како што е црвена хартија или црвена фолија). Истото важи и за телефонските екрани, на кои можете да преземете црвена апликација за филтрирање за да го намалите сјајот.

Извор: Space.com