Месечината преправена како Сатурн

„Моментот ве тера да ја разбудите вашата фантазија затоа што изгледа како друга планета“, вели фотографот Francisco Sojuel.

Пред точно 4 месеци, на 24 декември 2019 година, фотографот Francisco Sojuel, во државата Гватемала, Централна Америка, ја направил оваа неверојатна фотографија каде месечината и тенките облаците пред неа прават една неверојатна слика која визуелно потсетува на планетата Сатурн, позната по нејзините прстени.

Sojuel се искачувал 6 часа на Acatenango Base Camp Area за да ја фотографираа оваа мистична фотографија пред изгрејсонце. Тој вели „моментот ве тера да ја разбудите вашата фантазија затоа што изгледа како друга планета и прави да се запрашате како месечината и тенките облаците успеаја да се порамнат сами од себе.“