Метеорскиот дожд Персеиди фотографиран од Охрид

Најбројниот метеорски дожд кој се случува секоја година од 17 јули до 24 август, а најголемиот интензитет го има во ноќта меѓу 12 и 13 август, беше фотографиран од Охрид поточно од Национален Парк Галичица од страна на дел од членовите на Охридското Астрономско Друшто. Дел од фотографиите ги превезедоа поголем број светски медиуми заклучно и најпосетениот светски сајт за астрономија Space.com

Персеиди e појава на метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее.

Фото: Стојан Стојановски 2С / Охридско Астрономско Друштво