Нова, неверојатно детална геолошка мапа на Месечината

Американскиот геолошки институт (УСГС) објави нова мапа од 1:5,000,000 на Месечината која обезбедува богатство на информации за нејзината површина.

Американскиот геолошки институт скоро објави нова мапа на Месечината – а погледот само укажува на неговите богатства. Ако сакате детално да ја видите мапата, и целосна легенда што покажува што означуваат боите – и двете ги препорачуваме! – можете да ја преземете од нивната веб-страница.

За да ја креираат оваа карта, научниците во USGS користеле информации од шест регионални мапи од времето на Аполо, заедно со податоци од сателити кои орбитираат околу Месечината. Постојните историски карти беа преработени за нивно усогласување со современите збирки на податоци, со што се зачувани претходните набљудувања и толкувања.

Покрај спојувањето на нови и стари податоци, истражувачите на УСГС развија и унифициран опис на стратиграфијата, или карпестите слоеви на Месечината. Ова ги реши проблемите од претходните мапи каде имињата на карпите, описите и нивната старост понекогаш не беа во согласност. Оваа унифицирана шема на класификација е прикажана како 48 различни типови единици на картата, прикажани во 48 бои.

„Оваа мапа е кулминација на повеќедеценискиот проект“, рече предводникот на тимот, Кори Фортецо (УСГС) во прес соопштение. „Обезбедува витална информација за нови научни студии со поврзување на истражување на специфични места на Месечината со остатокот од лунарната површина“.

Исто како што претходните лунарни мапи служеа како планови за мисиите во Аполо, оваа мапа ќе послужи како суштинска референца за идните лунарни науки и истражувања.