Следиме во живо: SpaceX праќа 60 нови Starlink сателити во орбитата на Земјата

SpaceX ќе лансира 60 нови интернет сателити Starlink во орбитата, со веќе користена ракета денес (22 април) во 21:37 часот и сите можете да ги гледате во живо на Интернет.

(Фото: © SpaceX)

Новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX) се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така да можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг. (Astronomija.mk – Скопско Астрономско Друштво)

Предвидено е ракетата ветеран „Falcon 9“ да ја лансира мисијата „Starlink 6“ на SpaceX, историскиот Launch Pad 39A на вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида во 21:30 часот. Засилувачот во првата фаза на ракетата летал трипати претходно.

Лансирањето на Starlink може да го гледате на преносот во живо тука, овозможен од SpaceX. Лансирањето исто така можете да го гледате директно преку веб-страницата на SpaceX овде. Преносот на SpaceX обично започнува околу 15 минути пред лансирањето.

Во прилог неколку фотографии направени од интернет сателитите Starlink заедно со Орион и најсјајната ѕвезда Капела во соѕвездието Кочијаш над Охрид:

Фото: Riste Spiroski (Ohrid Astronomy Association)