16 години Охридско Астрономско Друштво

16 години Охридското Астрономско Друштво и Охрид на број еден магазините во светот!

Оваа година го одбележуваме 16 годишното постоење на Охридското Астрономско Друштво (ОАА) кое беше создадено во 2004 година, тогаш како Аматерско Астрономско Друштво од страна група љубители на астрономијата од Охрид.

За ОАА

Првично иницијативата е креирана од страна на Стојан Стојановски кој подоцна со фотографирање на неколку астрономски настани, изработка на веб страница на ОАА и објавување на интернет стапува во контакт со Скопското Астрономско Друштво кое му помага во реализацијата и започнување на активностите на ОАА во Охрид.

„Нашата цел е што е можно повеќе да го претставиме нашиот град во такво светло какво што никој не го видел и се надеваме дека со нашите фотографии докажуваме дека и во нашата земја има убави места за фотографирање на астрономски фотографии и придонесуваме за туризмот во нашата држава со фотографиите кои подоцна се споделувани во најчитаните светски медиуми.“ – вели Стојан Стојановски, основач на Охридското Астрономско Друштво.

Во тој период фотографиите од ОАА се објавувани во печатеното списание Емитер, додека во 2005 година светскиот број 1 веб порталот за вселена и астрономија Space.com стапува во контакт со Стојан со што ОАА започнува успешна соработка и објавување на фотографии од астрономските настани.

Затемнување на сонцето – Space.com

До ден денес фотографиите од ОАА направени од најголемите астрономски настани во годината се меѓу топ 10 во светот, а низ годините се преземани и објавувани на познати медиуми како Space.com, CNN News, FOX News, NBC News итн. До сега астрономското друштво брои 35 членови и се надеваме во иднина дека тој број ќе се зголеми, како во нашата држава така и во светот.

Со ваквото тепмо на работа, следење на настаните и фотографирање, ОАА успешно се рангира во светот, притоа што освен што ги инспирира локално младите во делот на астрономијата, дирекно и помага на промоција на градот Охрид и околината со комбинација на Астрофотографија и природата која ја поседува овој регион.
Livestream.mk и ОАА

LiveStream.mk е сервис исто така креиран од страна Стојан Стојановски кој врши услуги во делот преноси во живо, а исто така помага со поддршка на туризмот, спортот и културата со цел запишување на настаните преку преноси во живо. Со новата технологија која ја поседува сервисот LiveStream.mk, ги запишуваме и астрономските настани кои преку преноси во живо се документира начинот на работа на ОАА, како и самиот астрономски настан. Досега имаме околу 10 вакви настани кои преку преноси во живо љубителите на астрономијата можеа да го проследат настанот и да уживаат во него.

Неколку наши преноси:

ОАА во Светот
Во прилог ви ги претставуваме објавите на светските медиуми со фотографии од Охридското Астрономско Друштво:
Riste Spiroski (Охридско Астрономско Друштво)