Loading Настани

« All Настани

Астро Тури – Млечен Пат – 2021

август 31 @ 8:00 pm - септември 15 @ 1:00 am

60euro

Драги фанови на ноќното небо и астрономијата
После големиот интерес минатата година и вистинско уживање на сите кои не посетија, за сите кои не беа во можност да уживаат минатата година ги објавуваме датумите за првата фаза во 2021 за набљудување на ноќното небо и фотографирање со млечниот пат. Сите заинтересирани може да резервираат со време поради ограничен број од вечер.

Доколку дозволуваат временските услови оваа година ќе организираме Астро Тури во 3 дела, почнувајќи од 30 Јуни до 15 Јули, од 1 Август до 15 Август и од 1 Септември до 15 септември секоја вечер во времетрање од 4-5 сати. Турите започнуваат од Куратица во 20:30 часот (ресторан Дедо Димо) каде доаѓате со сопствен превоз или можете да не контактирате нас во врска со обезбедување на превоз доколку немате сопствено возило. Потоа со наш обезбеден превоз после 40 минутно возење низ шумест предел се стигнува до местото за набљудување на висина од 1700мнв.

Во цената е вклучена вечера и пијалоци.

Секој учесник добива фотографија со Млечниот пат, за кој ќе се погрижи Стојан Стојановски 2С

Местата се ограничени така да пријавувањето е најдобро да биде неколку дена претходно ради распоредување на местата (вкупно до 18 луѓе од вечер).
– Можност за приватни групни тури од 6 до 12 лица (цената е иста по човек)
– Можност за едночасовни предавања по фотографија на ноќното небо, како додаток при учествување на турата (со наша опрема, се доплаќа, за инфо повеќе контактирајте не)
– Можност за врзување на денски тури заедно со ноќната (повеќе инфо, контакт)

Промо цена на основниот пакет е 60 евра по човек.
Достапни се и фамилијарни цени.
Пријавување на:
+389 78 428 161 Стојан
Или на фан страната од Охридското Астрономско друштво

Детали

Start:
август 31 @ 8:00 pm
End:
септември 15 @ 1:00 am
Cost:
60euro
Event Category: