Loading Настани

« All Настани

  • This event has passed.

Harvest Moon (Месечина на жетвата)

септември 20

Полната месечина најблиску до Септемвриската рамноденица се нарекува Harvest Moon (месечина на жетвата), и се случува или во Септември или во Октомври.

Harvest Moon е најпознато од сите имиња на полна месечина. Некои извори тврдат дека името потекнува од античката традиција на домородните американци. Други посочуваат дека месецот на жетва е забележан уште во 700-тите, и на англосаксонски и на старовисокогермански јазик.

Во античко време, вообичаено било да се следат сезоните на менување следејќи го лунарниот месец, наместо сончевата година, на која се базираат 12-те месеци во нашиот модерен календар.

Без оглед од каде потекнува името, астрономското значење на Месечината на жетвата е исто на целата северна хемисфера. Полната Месечина која е најблиску до септемвриската рамноденице е астрономски посебна затоа што времето помеѓу едно изгревање на месечината до следното станува пократко околу ова време.

Типично, Месечината изгрева во просек 50минути подоцна секој ден во лунарниот месец, што е време на Месечината за да помине низ сите нејзини фази. Сепак, неколку дена околу оваа месечина, таа изгрева помалку од 50 минути подоцна од претходниот ден.

Во старите денови, раното изгревање на месечината неколку дена околу рамноденицата значело дека земјоделците можат да работат и да ги собираат своите посеви подолго време во вечерните часови.

Детали

Date:
септември 20
Event Category: