Loading Настани

« All Настани

  • This event has passed.

Micro Full Moon / Beaver Moon

ноември 19, 2021

Микро Полна Месечина / Месечина на дабарот

Микромесечината се случува кога Полна Месечина или Нова Месечина се совпаѓа со apogee – точката на орбитата на  Месечината најоддалечена од Земјата.

Најдалечна точка

Месечината орбитира околу земјата во елипсовидна патека, што значи дека едната страна од патеката е поблиску до Земјата од другата.

Точката во орбитата на Месечината најблиску до Земјата се нарекува перигеј, додека точката во орбитата која е најоддалечена од Земјата е позната како апогеј. Просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината е 382,500 километри  или 237,700 милји.

Кога се појавува Полна Месечина или Нова Месечина околу апогејот, се нарекува микро месечина, мини месечина или апогејска месечина. Како и секоја друга ноќ на Нова Месечина, исто така и ноќта на Микро Месечината е добра за набљудување ѕвезди.

Месечина на дабарот

Според некои извори, Полната Месечина за ноември е именувана по дабарите бидејќи овој период во годината тие стануваат активни во градењето на своите зимски брани во подготовките за студентата сезона. Дабарот е главно активен во ноќта, па тие продолжуваат да работат на светлината од Полната Месечина.

Дабарите прават брани од дрво и кал. Во средината, тие градат куќи во форма на купола наречени ложи со подводни влезови. Дабарите продолжуваат да растат во текот на нивниот живот, исто така и нивните заби. Тие постојано грицкаат дрва, но бидејќи емајлот во секачите на дабарот содржи железо, нивните предни заби никогаш не се трошат.

Порано популацијата на дабарите била преку 60 милиони, но бидејќи луѓето ги ловеле за крзно и нивните жлезди за лекови, покрај другите причини, нивната популација се намалила на 12 милиони.

Детали

Date:
ноември 19, 2021
Event Category: