Изминатите две недели Охридското Астрономско Друштво во соработка со ресторан Дедо Димо, Куратица за прв пат во нашиот регион организираше астро тури во близина на Куратица со набљудување и фотографирање со кометата Neowise, најсветлата комета во последните 25 години видена од северната полутопка на планетата земја.
Охридското Астрономско Друштво преку видео клип ви го долови вчерашниот залез на Младата Месечина зад Самоиловата Тврдина.
Изминатите 2 дена можевме да ја забележиме најсветлата планета Венера и Младата Месечина веднаш после залез.
Метеор-Персеид на Галичица се најде во 100 топ фотографии во 2018 кои ги избра најчитаниот светскиот портал за Астрономија www.space.com Метеорот е фотографиран на 13 Август 2018 од страна на познатиот фотограф Стојан Стојановски кој заедно со членовите на…