Охридско Астрономско Друштвоосновано во 2004 год. од 2С
English EN Macedonian MK

За Нас

Историја

За ОАА

Охридското Астрономско Друштво (ОАА) е основано во 2004 година, тогаш како Аматерско Астрономско Друштво од страна група љубители на астрономијата од Охрид.

Првично иницијативата е креирана од страна на Стојан Стојановски кој подоцна со фотографирање на неколку астрономски настани, изработка на веб страница на ОАА и објавување на интернет стапува во контакт со Скопското Астрономско Друштво кое му помага во реализацијата и започнување на активностите на ОАА во Охрид.

Во тој период фотографиите од ОАА се објавувани во печатеното списание Емитер, додека во 2005 година светскиот број 1 веб порталот за Вселена и Астрономија Space.com стапува во контакт со Стојан со тоа што ОАА започнува успешна соработка и објавување на фотографии од астрономските настани.

До ден денес фотографиите од ОАА направени од најголемите астрономски настани во годината се меѓу топ 10 во светот, а низ годините се превземани и објавувани на Space, CNN, FOX, NBC итн. Со ваквото тепмо на работа, следење на настаните и фотографирање, ОАА успешно се рангира во светот, притоа што освен што ги инспирира локално младите во делот на астрономијата, дирекно и помага на промоција на градот Охрид и околината со комбинација на Астрофотографија и природата која ја поседува овој регион.

Препознати во светот од:

Во медиуми:

Тим

#ohridastronomy

Логистика

Кико – Трофеј
Игор 14ка
Баже / Илче
Наташа Д.
Диме С.
Аце С.
Горан – Дедо Димо
Кристијана – Дедо Димо

Наши Пријатели и Помагатели

мисија

Нашата мисија

Мисијата на Охридското Астрономско Друштво е да го инспирира локалното население, пред се помладите генерации да се запознаваат со основните астрономски појави пред се и доколку ги интересира повеќе да се едуцираат. Втората наша мисија и најуспешна е преку фотографија да го запознаеме светот со нашата околина како место кое има перфектни услови за набљудување и астрофотографија.
0
Години Постоење
0
Space Photos
0
Членови