Месечината и Венера во текот на следните денови

Свежа од своето најголемо издолжување (најголема далечина од сонцето на точката на нашето поднебје) на 29 октомври, Венера лесно ќе се гледа од целата Земја во текот на ноември 2021 година.

За набљудувачите од јужната хемисфера ќе биде одлично време да се набљудуваат Месечината и Венера, а во делови на Азија ќе се случи окултација ( Месечината ја покрива Венера). Венера е 1,1 степени јужно од Месечината на 8 ноември во 5 UTC. На 7ми ноември, во вечерните часови Месечината ќе заоѓа подолго од сонцето и ќе биде многу поблиску до Венера.  Следната вечер, на 8 ноември, маглината М8 што формира ѕвезди може да биде на дофат, со оптичка помош, и ќе блеска суптилно подалеку од темната страна на Месечината. Доколку имате двоглед, дефинитивно би се подобрила глетката.

За набљудувачите од северната хемисфера, Венера ќе се гледа подолу на небото, повеќе на едната страна (левата) од точката на зајдисонце. Но, Венера ќе остане блескава точка во текот на целиот ноември во правец на зајдисонцето. Тие кои се наоѓаат на север во вечерните часови на 7 и 8 ноември, исто така ќе може да ја видат Месечината како всушност поминува покрај Венера. За подобра глетка може да се користи двоглед за да се доловат и Месечината и Венера на исто поле.

Погледот кон Венера ќе биде подобрен во текот на ноември за северната хемисфера, бидејќи таа ја достигнала својата најблиска точка со сонцето каде што почнува полека да се намалува. Сепак погледот ќе се подобрува бидејќи земјата се движи околу сонцето, додека патеката од сонцето, месечината и планетите се движат нагоре. Тогаш Венера ќе се носи повисоко на запад после зајдисонце.