Астротура – Персеиди – Метеорски дожд (10-15 Август 2020)

Драги фанови на ноќното небо и астрономијата.

По повод метеорскиот дожд Персеиди Охридското Астрономско друштво во соработка со Дедо Димо Ресторан – Куратица организира АстроТури за набљудување и фотографирање на најдобриот метеорски дожд во годината, Персеиди на кој максимумот низ годините во зависност од месечината достигнувал и 120 метеори на час.

Доколку дозволуваат временските услови од 10 до 15 Август, секој ден во времетрање од 6 сати ќе се одржат турите каде се тргнува од Куратица, па после 40 минутно возење низ шумест предел се стигнува до местото за набљудување. Во цената ќе биде вклучено јадење и пиење.

Секој учесник добива фотографија со Млечниот пат, за кој ќе се погрижи Стојан Стојановски 2С.

Местата се ограничени така да пријавувањето се врши однапред неколку денови.

Цената на пакетот е 55 евра по човек.
Пријавување на:
+389 78 428 161 Стојан
Или на фан страната од Охридското Астрономско друштво