Мартовската Супер Месечина ќе го осветли небото во понеделник

Полната месечина овој месец е последна оваа зима и исто така ќе биде една од најголемите и најсветли полни месечини за оваа година.

Супер месечината во март ќе може да ја погледнете во понеделник – 9 март и се вели дека ќе биде најголемата и најсветлата во годината. Се вика и Worm Moon, а нејзиниот peak е во понеделник вечер.

Фотографија од полната месечина во јануари – Wolf Full Moon (Фото: Стојан Стојановски)

Домородните племиња во северниот и источниот дел на САД ја именувале полната месечина по фрлањето на ѓубриво произведено од црвите – кои се појавуваат кога земјата омекнува поради топлината пред пролетта, според НАСА. „Во овој период од годината, земјата почнува да омекнува доволно за да се појават дождовните црви, повикувајќи ги птиците да се хранат – што значи вистински знак на пролет“, се вели во стариот земјоделски алманах.

Worm Moon е најшироко користениот прекар за полна месечина во март, но познат е и како Sap Moon, Crow Moon, Crust Moon, Sugar Moon и Lenten Moon, соопшти НАСА.