УТРЕ: Делумно затемнување на месечината

Полната месечина јуни, исто така наречена Strawberry Moon, ќе се изгрее вечерта во петок, 5 јуни, во 19:53 часот локално време.

Ова лунарно затемнување ќе биде целосно видливо за наљбудувачите во источна Африка, Блискиот исток, јужна Азија и Австралија. Ќе започне на изгревот на месечината за оние што се на источниот брег на Јужна Америка, западна Африка и Европа и на месечевото заоѓање на небото во Јапонија и Нов Зеланд. На почетокот на затемнувањето месечината нема да биде видлива од нашата земја затоа што сеуште ќе биде под хоризонтот во ова време. Затемнувањето започнува во 19:45 часот и ќе трае до 23:04 часот, или околу 4 часа. Максималното делумно затемнување ќе биде достигнато во 21:24 часот.

Делумното затемнување се појавува кога Месечината влегува во надворешниот дел од сенката на Земјата, позната како penumbra. Месечината не се затемнува како што тоа се случува за време на целокупното лунарно затемнување, познато и како „blood moon“, каде влегува во umbra, внатрешниот дел од сенката. Наместо тоа, Месечината се појавува малку потемна; некои луѓе велат дека изгледа малку повеќе „кафеава“ од вообичаеното. Во овој случај, Месечината ќе биде делумно покриена од сенката, така што затемнувањето можеби нема да биде толку забележливо бидејќи осветлувањето на неоткриениот дел од месечината ја „измива“.

Оваа фотографија е направена на последното делумно затемнување на месечината, на почетокот од годинава, каде фотографот Стојан Стојановски, воедно и основач на ОАА, го долови овој неверојатен момент од авион кој поминува пред месечината за време на делумното затемнување.