Астрономите за прв пат успеја да ја направат фотографија од Црна Дупка, која се наоѓа во далечна галаксија наречена м87.
Се претпоставува дека е голема 40 милијарди километри т.е. три милиони пати поголема од големината на Земјата а научниците ја опишаа како “чудовиште”.
Црната дупка е 500 милиони трилиони километри оддалечена и е фотографирана од осум телескопи сврзани во мрежа низ целиот свет. Фотографијата која ја гледаме во моментов е светлина на која и требале 55 милиони години да стигне до земјата.
Видео од Прес Конференцијата:
Црните дупки се скоро невидливи поради негативното влијание на светлината, па научниците се фокусираат на нејзиното опкружување, поточно на светлината и материјата во нејзината најблиска орбита. Хоризонтот на настани е сферата која ја опкружува црната дупка од која не може да излезе ниту светлина, ниту материја.
Фото/Видео: Event Horizon Telescope
Охридско Астрономско Друштво
Охрид Инфо