Денеска имавме можност да проследиме редок астрономски настан, транзит на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Во Охрид иако времето беше променливо, Охридското Астрономско Друштво настанот го пренесуваше во живо на YouTube и Facebook, а Стојан Стојановски направи фотографии на кои се гледа колку е мала планетата Меркур во споредба со нашето Сонце. Настанот можеше да се следи до 16 часот каде поради облачното време и залезот на сонцето, немаше услови да се погледне излегувањето на Меркур од Сончевиот диск.
Можеби ќе ви се допадне и:
Изминатата вечер членови на Охридското Астрономско Друштво во соработка од авантурите на Дедо Димо – Куратица на 2000 метри надморска височина го документираа изгревот на септемвриската полна месечина наречена “Corn Moon” Уживајте во видеото додека изгрева месечината, а еден…
Денеска на вечерното небо можеме да ја видиме блиската средба меѓу најсветлата планета Венера и младата Месечина.