Денеска имавме можност да проследиме редок астрономски настан, транзит на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Во Охрид иако времето беше променливо, Охридското Астрономско Друштво настанот го пренесуваше во живо на YouTube и Facebook, а Стојан Стојановски направи фотографии на кои се гледа колку е мала планетата Меркур во споредба со нашето Сонце. Настанот можеше да се следи до 16 часот каде поради облачното време и залезот на сонцето, немаше услови да се погледне излегувањето на Меркур од Сончевиот диск.
Можеби ќе ви се допадне и:
Најбројниот метеорски дожд кој се случува секоја година од 17 јули до 24 август, а најголемиот интензитет го има во ноќта меѓу 12 и 13 август, беше фотографиран од Охрид поточно од Национален Парк Галичица од страна на дел…
Вирусите во вселената не се шират исто како на Земјата. Бидејќи коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, интересно е да размислите што би се случило доколку таков вирус се шири во вселената.